Македонската опера и балет ја најавува моќната изведба на најпопуларната сценска кантата „Кармина Бурана“ од германскиот композитор Карл Орф.
На 2 април со почеток во 20 часот публиката ќе може да дојде и да ужива на средба со страста, љубовта и животните радости, како и вечниот сон за среќата, владетелка на светот.
Кармина Бурана со години го привлекува вниманието како на режисерите и кореографите, така и на бројната публика која постојано ја бара на тековниот репертоар.
Солисти на операта се: Катерина Стојановска – сопран, Дејан Стоев – контратенор, Горан Начевски – баритон
Солисти на балетот: Марија Кичевска Шокаровска, Ивана Коцевска, Саша Евтимова, Давиде Буфоне (Италија), Мирослав Митрашиновиќ.
Диригент е Бисера Чадловска.
Настапуваат хорот, оркестарот и балетскиот ансамбл на МОБ.