Концерт на триото “Ад Либитум” кое го сочинуваат Елена Граматиковска на пијано, Климент Тодороски, виолина, и Божидар Пејиќ, виолончело, ќе се одржи вечерва (сабота, 30 јуни) во 20:00 часот во фоајето на Македонската опера и балет.
Класичниот репертоар на триото содржи дела од Рахмањинов, Шуберт, Хендл, Глук и Пјацола.
Влезот е слободен.