Јубилејна изложба во чест на Ангел Петров

Во Велес оваа година се одбележува 90 години од раѓањето на академскиот сликар Ангел Петров од Велес и три години од неговата смрт.

На 22.08.2023 ќе се отвори Монографска ретроспективна изложба на Ангел Петров насловена “Бојата низ музика” во 19 часот во Ликовниот Салон во Велес.

Во изложбениот простор ќе има над 300 дела од неговиот творечки опус ќе има монографија видео за неговото 60 годишно творештво како и други предмети на уметникот.

Ангел Петров е еден од малкумината македонски уметници чие богато творештво остави исклучителен белег во современата македонска ликовна уметност.

Биографија

Ангел Петров 1933-2020

Роден e 22.08.1933 год. во Велес -Maкедонија.

Починал 4.07.2020 година во Велес.

Средно Уметничко училиште завршува во Скопje во класта на професорите Личеноски, Мартиноски, Коџоман и Борко Лазески. Во втора година од оваа училиште е награден како најталентиран од генерацијата.

Образованието го продолжува во Белград во Академијата за применета уметност која ја завршува 1962 година во класата на професорот Винко Грдан .

Веќе во наредната 1963 започнува самостојно да изложува, за до денес 2023 се реализирани 62 самостојни ликовни изложби, од кои 30 во Македонија и 32 во странство, како и учество во повеќе од 200 групни изложувања.

Член е на ДЛУМ од 1967 год.

Негови дела се наоѓаат во многу музеи, галерии, приватни колекционери во земјава и странство. Неговиот ликовен опус се состои од пет ликовни фази и тоа : пејзажи, актови ,коњи, портрети , акварели, мртва природа, декорации и стара архитектура.

Со негување на следните ликовни техники: масло, пастел, акварел, туш, акрилик и комбинирани техники.

За неговиот 60 годишен творечки опус има добиено многу награди ,ордени, признанија, благодарници и др од кои позначајни се Позначајни Награди Признанија и Благодарници:

1.Награда за најдобра “мртва природа “-1950 година – Скопје од Средно уметничко училиште од професорот Лазар Личеновски

2. Благодарница- 1997 год -Велес по повод 120 год.Гимназија “Koчо Рацин” 3. Орден на трудот со сребрен венец 1980год.Белград.

4. Спомен плакета 9- ти Ноември- 1998год.Општина Велес.

5. Благодарница за донаторство -2000 год .Пула,Хрватска од Македонското друштво “Koчо Рацин”

6. Благодарница за донаторство -2000 год.Ријека,Хрватска од Македонското друштво” Илинден “.

7. Награда за животно дело”ГЕМИЏИИ “2004 година, Општинa Велес.

You May Also Like