Балетскиот спектакл „Клеопатра“ за Денот на жената во МОБ

Балетскиот спектакл „Клеопатра“ грандиозна постановка, разнобојно дело што во многу аспекти ги надминува рамките на класичниот балет, ќе биде изведен на Денот на жената (петок, 8 Mарт) со почеток во 20 часот, во Македонската опера и балет.

За „Клеопатра“ специјално компонираната музика е на авторката Нерија Голдберг од Литванија, кореограф е реномираниот Василиј Медведев од Русија, сценограф/костимограф Павол Јураш (Словачка), а либретото е на Јана Темиз од Турција.

Во главните улоги настапуваат: Александра Мијалкова – Клеопатра, Васил Чичијашвили (Грузија) – Цезар, Бобан Ковачевски – Марко Антоние, Марија Кичевска Шокаровска -Октавија, Мими Поп Алексова Атанасовска – Змија.

Солисти, балетскиот ансамбл и оркестарот на МОБ. Диригент е Бисера Чадловска.

Македонската публика ќе има уникатна можност да го проследи балетот кој сеуште не е поставен во друг театар во светот, да помине незаборавна вечер во магичниот свет на Римската Империја и танците на антички Египет.

You May Also Like