Изложбата на „Иван Велков, 90 години од раѓање“ продолжена до 26 април

По месец и половина од отворањето на излобата со наслов „Иван Велков, 90 години од раѓање“ во Чифте амам, на наше големо задоволство не опаѓа интересот за посета на истата од пошироката јавност“, велат од Националната галерија на Македонија.

Поради големиот интерес, изложбата посветена на 90 години од раѓањето на Иван Велков во Чифте амам ќе биде отворена се до 26 април. Претставени се 90-ина дела од сите творечки фази на Велков, а се дел од колекциите на Националната галерија на Македонија, Музејот на современата уметност, Заводите за заштита на спомениците на културата и музеи од Охрид и од Штип, Центарот за култура „Антон Панов“ од Струмица, семејството Велкови и од приватни сопственици.

Авторки на изложбата се вишите кустоси Маја Чанкуловска-Михајловска и Маја Неделкоска-Брзанова.

Велков (1930-2008) спаѓа во рангот на еминентните македонски сликари, воедно и универзитетски професор, кој одигра особено значајна улога во развојот на македонското сликарство во 1960-тите.

Од Национална галерија на Македонија велат дека им претставува посебно задоволство претставува интересот на претставниците на дипломатскиот кор. Пред неколку дена изложбата ја посети амбасадорот на Јапонија, Хиронори Савада со сопругата. Директорката Старова-Ќерими му ја претстави и постојаната поставка на амбасадорот, а разговараа и за понатамошна соработка. Ден пред тоа, во посета беше и амбасадорот на Франција, Сирил Бомгартнер, кој пак ја погледна националната поставка во Даут пашиниот амам.

Изложбата на Иван Велков може да ја посетите секој ден во неделата, освен понеделник, од 10 до 18 часот.

извор: НГМ

You May Also Like