Изложба „Женски приказни“ нa Андријана Мациев

На 03.12.2018 (понеделник) со почеток во 19:30 часот во Изложбениот салон на Уметничката галерија при НУ – Куманово ќе биде отворена самостојна изложба, под наслов „Женски приказни“ нa ликовниот уметник Андријана Мациев.

Изложбата е дел од програмските активности на НУ Музеј-Куманово, од областа на галериската дејност, поддржана од Министерството за култура на Република Македонија.

Ќе бидат изложени 30 дела од нејзиниот најнов ликовен циклус – слики работени во текот на 2018 година, во техника акрил на платно.

Андријана Мациев, родена 16.09.1980 во Скопје. Средно образование завршува во Училиштето за применета уметност Лазар Личеноски во Скопје, а дипломира на Факултетот за Ликовни уметности во одделот графика во класата на проф.Димитар Малиданов. Член е на друштвото на ликовни уметници на Македонија.

Изложбата ќе биде поставена до 20 декември 2018 година.

You May Also Like