Мице Јанкуловски со награда на Биенале Ларнака 2018

Во просториите на Градската галерија на Ларнака, Кипар, во рамките на Ларнака Биенале 2018, Мице Јанкуловски ја доби наградата Уметник на Светот.

Биеналето има за цел да да ги претстави уметниците од цел свет со дела со висок кавалитет и професионализам. Повеќе за Биенале Ларнака …

Јанкуловски на Биеналето Ларнака 2018 се претстави со делото „Форми од Венеција” 2017, полиптих од 5 дела, сериграфија со примена на фрок, 100 х 350 см (5х 100х70 см / секое).

Делото е куратирано од Енцо ди Мартино и печатено во графичкото студио Фалани, Венеција.

You May Also Like