Вечерва (среда, 18 септември 2019 година) со почеток во 20 часот, ќе биде отворена изложбата „Различни и поврзани“ во заедничка организација на Националната галерија на Македонија и Амбасадата на Република Словенија.
На отворањето покрај артистите ВЕНКО ЦВЕТКОВ и МАТЕЈ МЕТЛИКОВИЧ, ќе се обрати и амбасадорот на Република Словенија, Н.Е. проф.Милан Јазбец.
„Со Венко се запознавме во средината на април 1979 година . Како војни обврзници се најдовме на отслужување на воениот рок во касарната на тогашна ЈНА на периферијата на Белград (заради оваа обврска за една година ги прекинав посдипломските студии на сликарската специјалка , а Венко дојде во Белград како дипломант на вишата педагошка скола за ликовно образование во Скопје ).
Овде надредените за кратко време ни доделија поголема соба во која можевме да си уредиме подобри и импровизирано сликарско атење. Кога имавм слободни денови ги посетувавме белградските музеи и галерии , а предисе Музејот на современата уметност кај сливот на реките Сава и Дунав. На прошетките по Белград ги посетувавме книжарите а потоа со купените книги за уметноста ги полневме војничките војничките шкафови и атењето. Во овие посебни околности меѓу на се создаде неразделно пријателство; поради тоа патот на Венко, веднаш по завршениот воен рок го донесе во Љубљана, каде преживеал добри четири години, како студент на сликарската академија за ликовна уметност.
Во тоа време не си претставуваме ,како на него така и кај мене дека уметничкиот пак ќе не доведе до создавање и творење на подрачјето на црковното сликарство. Тогаш и двајцата му се восхитувавме на сликарството што доаѓаше од исток , предсе на иконите и црковните фрески на нивното притаено сликарство, хуманизирана и истовремено возвишена естетика. Се восхитувавме и на филмовите на Андреј Тарковски , а посебно близок ни беше Андреј Рубљов ,култниот филм за најзначајниот руски средновековен сликар ,чија уметност има вредност и значење за сите времиња.
Кога пред неколку години, навистина после долго време , повторно се сретнавме со радост констатиравме дека многу не сме се промениле. Благодарни сме на тоа што заеднички го доживеавме во главниот град на некогашна заедничка држава, и се уште црпиме од младешките воодушевувањето од годините од тогаш до денес што ги надградувавме со нови знаења и искуства. Се уште творечки не возбудува и восхитува уметноста што Кандиски во својот состав За духовноста во уметноста го назначи како ,,човечка духовна храна“ ,која носи ,,светлина во длабочините на човечкото срце“, вели во преговорот еден од авторите МАТЕЈ МЕТЛИКОВИЧ.