Претставата „Електра“ на фестивалот во Стоби

Вечер (понеделник, 23 јули) на 11. Интернационален фестивал на античка драма „Стоби 2012‘‘  ќе биде изведена претставата „Електра“ од Софокле, во режија на Никлас Бендиксен, а во изведба на „Бети Нансен театар“ од Данска.

Единствената надеж на Електра е дека брат и Орест ќе се врати дома за да можат двајцата заедно да го одмаздат нивното крваво минато. Ова е модерна верзија со брзо темпо на 2.400 години старата класика, која талентираната српско – данска актерка Маријана Јанковиќ ја игра со огромен интензитет и прецизност.
Покрај Јанковиќ во претставата играат и Трине Дирхилм, Кенет М. Кристенсен, Мари Далсгаард, Никлас Бендиксен и Трине Туксен.

You May Also Like