На денешен ден: Роден е Рефет Абази

На денешен ден (17 јануари 1964) роден е Рефет Абази, македонски актер и педагог со албанско етничко потекло.

Во 1989 година дипломирал на Факултетот за драмски уметности во Скопје. Уште како студент бил ангажиран во многу тетарски, телевизиски и филмски проекти.

Во својата актерска кариера исполнил голем број значајни театарски улоги во театрите низ земјата како и бројни независни и меѓународни проекти.

За своите актерски остварувања е наградуван на многу фестивали во земјата и во странство.

Од 1999 работи како професор по актерска игра на ФДУ, Скопје.

You May Also Like