“Соло мим” е пантомимска претстава , работена по едни од најпопуларните светски етиди од овој жанр, изведувани од повеќе славни творци и актери во овој жанр, почнувајќи од Сами Молхо, Марсел Марсо, Адама Дариус итн.,а во случајов адаптирани, режирани и играни од Трајче Ѓорѓиев.
Пантомимиската претстава „Соло Мим“ во изведба на Трајче Ѓеорѓиев премиерата ќе ја има денеска (25 октомври, сабота) во 20:00 часот во Универзалната сала.
“СОЛО МИМ” е пантомимска претстава , работена по едни од најпопуларните светски етиди од овој жанр, изведувани од повеќе славни творци и актери во овој жанр, почнувајќи од Сами Молхо, Марсел Марсо, Адама Дариус итн.,а во случајов адаптирани, режирани и играни од Трајче Ѓорѓиев.
Во празниот простор на сцената актерот пантомимичар се наоѓа сам соочен со светот на фантазијата кој тој на очиглед на публиката го претвора во свет од невидливо во видливо. Сам со своето тело е творец на сценографијата, личностите кои го опкружуваат. Тој дејствува во секој миг од претставата, прецизно, концизно, точно, водејќи ја публиката низ овој свет на имагинарноста, притоа водејќи сметка за техниките на пантомимата и нејзините стандардни вредности како уметност која го користи најкраткиот пат до целта, краток, а сепак богат и колоритен.
Во претставата ќе бидат изведени следниве етиди:
1. Мајсторот на Кукли
2. Уличниот Свирач
3. Љубовникот
4.Ловец и Птицa
5. Сончогледот
6.Столот