Изложба на уметничка унгарска фотографија во Националната галерија

Љубителите на уметничката фотографија знаат дека во периодот меѓу двете Светски војни Унгарија беше во врвот во поглед на важноста на нејзините уметнички фотографи.

Изложбата во Националната галерија на Македонија е во соработка со Унгарска амбасада во Македонија, Унгарскиот музеј на фотографија и Скопско лето.

Фотографијата на фотографите како Андре Кертес (Андор Кертес/Andor Kertész), Ласло Мохоли-Наѓ (László Moholy-Nagy), Брасај (Brassaï, псевдоним: Ѓула Холас/Gyula Halász) и Мартон Мункачи (Márton Munkácsi) е на висока цена во целиот свет.

Исто така, ќе се претстават и делата на помалку познатите унгарски фотографи од периодот, меѓу кои на Ангело (Angelo), Карој Ешер (Károly Escher), Имре Кински (Imre Kinszki), Јожеф Печи (József Pécsi), Јудит Карас (Judit Kárász) и Иштван Керњ (István Kerny).

Ова ќе биде еден празник за љубителите на уметничката фотографија.

Од Националната галерија на Македонија во петок, (5 април), 19 часот, во објектот Мала станица.

You May Also Like