Триесетта самостојна изложба на реномираниот академски сликар од Крива Паланка, Роберт Цветковски на 10 јануари 2019 година во “Gallery MC”, Њујорк, САД.
Во досегашниот работниот опус на Цветковски создал околу 900 дела во различни сликарски техники и над 1000 цртежи, а негови дела се изложени во бројни светски збирки во институции и приватни колекции во: САД, Кина, Јапонија, Норвешка, Швајцарија, Германија, Хрватска, Црна Гора,БиХ, Турција,Србија, Бугарија,Македонија и во постојаната колекција на Центар за современа уметност-Подгорица,Црна Гора.
Триесеттата самостојна изложба на Цветковски, ќе биде поставена од 10 до 25 јануари 2019 година во една од најпознатите светски галерии, “Gallery MC”, Њујорк, која поддржува популарни и докажани уметници, иноватори, архитекти и креатори на уметнички перформанси.
Фотографија: Ѓорѓи Костовски