Арета Френклин погребана во родниот Детроит

Легендата на соул музиката Арета Френклин вчера беше погребана во родниот град Детроит во присуство на нејзиното семејство и пријателите, меѓу кои имаше и многу познати личности.

Погребот траеше пет часа, а голем број нејзини обожаватели со часови стоеја пред црквата.

На Арета Френклин и оддадоа почит со свои настапи на погребот и Стиви Вондер, Аријана Гранде, Шака Кан, а говор помеѓу другите имаше и поранешниот претседател на САД, Бил Клинтон.

Френклин почина на 16 август во својот дом во Детроит, од рак на панкреас.

You May Also Like