Изложба на Михаела Јовановска во Concept 37

Самостојна изложба на Михаела Јовановска вечерва (четврток, 12 декдември) во Concept 37 со почеток во 20 часот.

Мултимедијален уметник со главен фокус на уметничка инсталација. Нејзините дела се изложувани на повеќе групни и пет самостојни изложби, локално и меѓународно, вклучувајќи ги и Gallery MC – Њујорк, Прима центар – Берлин, КИЦ – Софија, Галерија Лауба – Загреб, Миодраг Дадо Џуриќ – Цетиње, Мала станица, НГ – Скопје, Биенале на млади, МСУ – Скопје.

Јовановска средно уметничко училиште „Лазар Личеноски“ и Ликовна академија во Скопје. Работи во Национална галерија на Македонија како соработник за визуелни уметности и дизајн.

Идејата објаснува емоција која се стреми кон нејзината форма да стане целина. Прикази на начинот како единката реагира преку својата мисла која е врзана со знаењето стекнато во текот на нејзиното постоење. Перцептивно селектирање на информации кои врежуваат и истакнуваат траги во одредена состојба на умот.

Самиот развој на мислата уметникот ја користи како визуелен приказ кој е непостојан, се менува, се губи и повторно се појавува и се зависно од моменталната одлука што да остане примарно, а што притаено, потиснато, небитно…

You May Also Like