По повод завршувањето на Интердисциплинарниот инклузивен проект „Во моите чевли/In my shoes“, ќе се одржи свечено отворање на изложба на фотографии, чии што модели се лица со попреченост.
Отворањето на изложбата е закажано за сабота, 17 ноември 2018 година, со почеток во 19.00 часот, во Мултимедијалниот центар „Мала станица”, дел од Националната галерија на Македонија.
Изложбата ќе биде отворена од страна на министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска.
Истата ќе биде достапна за посетителите до вторник, 20 ноември 2018 година.