Новиот роман на Милевски „Повик за будење“ е издаден на македонски јазик, претходно беше издаден само на англиски. Ова е втор роман на Милевски, по првиот „Љубовта за Ана“, кој помина доста добро кај македонската читателска публика.
Станува збор за конспиративен трилер во кој се разоткриваат сите тајни, лаги и манипулации во општеството. Дејството се одвива во САД, Англија и Македонија а главниот јунак е Ник(ола) македонски имигрант кој се бори за основните човечки права и слободи во Америка и во светот.
Во романот се опфатени многу глобални значајни теми: илуминати, масони, тајни друштва, нов светски поредок, Њу Ејџ, окултизам, банкарите, Ротшилди, ционизам, Ватикан, Папата, католичката црква, језуитите, револуции, Британско кралско семејство, вакцини, генетски модифицираната храна, аспартам, флуор, хемтрејлови, микрочипови, медицина, образование, политика, религија, медиуми, и многу други теми.
Наменет е за луѓе што трагаат по одговорот на многу нивни прашања и вистината.
Време е да ја дознаете вистината.
Време е да се разбудите.
Не пропуштајте го овој, можеби и последен за некои од вас, „Повик за будење“. Романот може да се најде во Матица и останатите книжарници во Скопје.