На 4-ти Февруари 2019 година во КИЦ на Република Македонија во Софија ќе се одржи камерен концерт насловен „Романтична поезија и музика”, по повод 147 години од раѓањето на Гоце Делчев.
Концертот е во соработка со Меѓународната фондација за култура „Гоце Делчев”, раководена од диригентот Христо Христов.
На концерот ќе земат учество Сузане Браунштефер, Ѓорги Георгиев-Антика, Георгиос Филаделфевс и Десислава Тодорова. На камерниот концерт ќе се изведат дела од Верди, Штраус, Бизе, Пејо Јаворов, Петре М. Андреевски, Офенбах и други европски автори, а во галеријата на КИЦ ќе биде претставена изложбата на сликарски дела од ликовните уметници Марјан Ѕин и Иво Пецов.