Годишна изложба на ДЛУМ во Мала станица

Вечерва (среда, 1 ноември 2023) со почеток во 20 часот, ќе биде отворањето на „Годишна изложба“ на ДЛУМ, во Националната галерија на Македонија, објект Мала станица.

„Годишна изложба на ДЛУМ” претставува пресек на современата ликовна продукција на најголемиот број на членови на ДЛУМ.

Изложбата е потполно хетерогена, со обединувачки карактер виден во мноштвото на различни ликовни дела. Значењето на оваа изложба е големо во ликовно – историски контекст, бидејќи возможува директен преглед и разбирање на тековните интереси и активности на членовите на ДЛУМ.

Таа е неселективна, со цел да ги прикаже актулните ликовни стилови и техники, и да им овозможи на сите учесници, членови на ДЛУМ јасно согледување на своето место во ликовниот простор на Македонија во период од една година.

ДЛУМ поддржувајќи го значењето на оваа изложба, секоја година, па и оваа, ќе додели четири награди: за сликарство, скулптура, графика и нови
медиуми.

You May Also Like