Стартува фестивалот „Актерот на Европа“

Со претставата „Големиот инквизитор“ во режија на Питер Брук  денеска (петок, 6 јули) во Сaрајот во Ресен започнува 10 јубилејно издание на Интернационалниот фестивал „Актерот на Европа“. Претставата е копродукција на фестивалот и Бит Фест, а ја изведува познатиот актер Брус Маерс.

Во шесте фестивалски дена ќе бидат изведени уште девет претстави на автори од Австрија, Русија, Словенија, Грција, Србија, Црна Гора, Албанија и од Македонија.

Театарскиот фестивал е во духот на културната соработка на народите и јазиците во преспанскиот регион, меѓу Македонија, Албанија и Грција и затоа мотото е  „Езеро без граници“

Во изминатите десет години на фестивалот имаше учесници од 30 земји со над 100 претстави од  балканската и светската сцена. Прв добитник на признанието  „Актерот на Европа“ беше еминентниот белградски актер Љуба Тадиќ.

Претставата „Големиот инквизитор в сабота (7 јули) во 21 часот ќе биде изведена и во Макеоднскиот народен театар во Скопје.

Фестивалот „Актерот на Европа“ во Ресен ќе трае до 11 јули.

You May Also Like