Ѕвездата на серијата „Пријатели“ (Friends), Метју Пери е пронајден мртов во џакузи во својот дом во Лос Анџелес. Веста ја соопшти полицијата. Пери имаше 54 години.
Истрагата околу причините за смртта е во тек, и се уште не се знае поради што починал. Според повеќето калифорниски медиуми немало траги на насилство, ниту пак била пронајдена дрога. Се сомнева на срцев удар.
Пери е син на актерот Џон Бенет Пери и Сузан Мари Лангфорд, некогашен прес-секретар на канадскиот премиер Пјер Трудо.
Пери не беше женет и немаше деца. Беше зависен од алкохол и дрога и често пати одеше на рехабилитација. За неговата долгогодишна битка со зависностите напиша и мемоари.