„Ѓердан“ од Русиново најдобра фолклорна група на „Илинденски денови“

Фолклорната група „Ѓердан“ од беровско Русиново е прогласена за најуспешна група која презентирала најуспешна традиционална музика и игра на фестивалот на народни песни и игри „Илинденски денови“ во Битола.

Жири-комисијата во состав Владимир Јаневски, професор на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип, Родна Величковска од Институтот за фолклор „Марко Цепенков“-Скопје и Тимко Чичаковски од ДМБУЦ „Илија Николовски-Луј“-Скопје, одлучи да ги награди и октетот „Прилеп“ за најуспешна група која презентирала староградска музика.

За најуспешна вокална изведба наградата е доделена на ансамблот „Никола Јонков Вапцаров“ од Скопје, додека за најуспешен изворен оркестар прогласен е оркестарот на КУД „Русалии“ од Секирник.

На петте фестивалски вечери настапија вкупно 34 културно- уметнички друштва и фолклорни групи од Македонија, како и гости од Јапонија, САД, Полска, Хрватска, Шпанија, Србија, Северен Кипар и Грција.

 

You May Also Like