„Свештеник“ во Градско кино Милениум

Почнувајќи од вечер (петок, 24 јуни 2011 година) во Градското кино Милениум во термините од 20:оо и 22:30 часот ќе игра американскиот акционен хорор филм „ Свештеник“ (“Priest”), во режија на Scott Charles Stewart.

Во новиот 87 минутен филм што ќе се прикажува во редовните вечерни проекции на репертоарот на Градското кино Милениум, улогите ги толкуваат Paul Bettany, Cam Gigandet and Maggie Q.

Пост-апокалиптичен научно фантастичен трилер сместен во еден друг свет, свет во кој со векови трае крвава војна помеѓу луѓето и вампирите. Приказната се одвива околу легендарниот Воин Свештеник (Пол Бетани) од минатата Војна со Вампирите кој сега живее повлечено во еден од малите градови со високи ѕидини, контролирани од црквата. Кога неговата внука ќе биде киднапирана од една банда на вампири, Свештеникот го прекинува својот свет завет и тргнува во потрага по неа пред тие да ја претворат во една од нив. Му се придружуваат момчето на внука му (Кам Гигандет), млад локален шериф-пиштолџија и поранешна Свештеничка (Меги Кју) која поседува натприродни борбени вештини.

Проекциите на акциониот трилер „ Јас Сум Четвртиот“ (“I Am Number Four “) во режија на Д.Ј. Карусо, со Alex Pettyfer, Timothy Olyphant,Dianna Agron во главните улоги, од понеделник до петок се закажани за 13 и 17:30 часот, а во сабота и недела од 15 и 17:30 часот.

Во рамки на програмата Европски филм, од понеделник до петок во 15 часот, во Градското кино Милениум игра италијанската драма „Дивата Крв ” (“Sanguepazzo “) на Marco Tullio Giordana со Monica Bellucci и Alessio Boni во главните улоги.

Анимираниот „ Мечето Вини“ (“Winnie the Pooh”) е на репертоарот во викенд матине термините. Проекциите се во сабота и недела во 11 и 13 часот. Режисер е Stephen J. Anderson, а гласовите ги позајмуваат Don Hall, Jim Cummings, Craig Ferguson и John Cleese.

Билетите за кино претставите можат да се купат на касата на Градското кино Милениум, секој ден од 10:30 до 22:30 часот.

You May Also Like