Дискусијата „Институција за можните иднини – колекцијата како отпор“ е настан кој се надоврзува на двете дебати во Националната галерија на Македонија кои се случија во декември минатата година како вовед во одбележувањето на 70-годишниот јубилеј на институцијата.
6 декември 2018 година (четврток)/ 18:30 часот
Национална галерија на Македонија – Даут пашин амам
Концепт и модерација: Ивана Васева, самостојна кураторка, програмска директорка на ФР~У и надворешна соработничка на НГМ
Учесници:
Чарлс Еш, куратор и директор на Музејот ВанАбе од Ајндховен, Холандија
Алберт Хета, уметник, директор на Стацион – Центар за современа уметност Приштина, Косово
Додека минатата година двете дебати вклучија поранешни директори и в.д. директори, историчари на уметност и колеги соработници на НГМ, оваа година, таа се манифестира во диксуија со Чарлс Еш, куратор и директор на Музејот ВанАбе од Ајндховен, Холандија, еден од најпознатите куратори во денешнината и Алберт Хета, уметник и директор на Стацион – Центар за современа уметност Приштина, Косово како една од најперспективните инатитуции во регионот, околу значајноста на начините на презентација на колекциите и нивното чување и збогатување.
Во рамките на оваа дискусија Чарлс Еш ќе се претстави со своето предавање насловено „Демодерна можност“ во рамки на кое ќе зборува за уметничките и музејските активности кои се обидуваат да придонесат кон општествена промена. Општеството и културата изгледа дека се наоѓаат во точка на транзиција и дека модерното/постмодерното/алтермодерното објаснување на светот веќе не постои. Прашањето е како да се постави различен начин на гледање и размислување. Презентацијата ќе се обиде да сугерира како да започнеме да одговараме на тој предизвик.
Чарлс Еш е директор на Ван Абе музејот во Ајндховен, Холандија. Тој е професор по современа уметност и кураторство во Централ Сент Мартинс, Лондон и е ко-директор на Afterall Journal and Books. Тој предава на курсот за студии за изложби во Централ Сент Мартинс и на Јан ван Ејк Академијата во Мастрихт.
Надвор од музејот, тој ja ко-курираше изложбата Lost Museum во Кунстал Осло во 2017 год. и Musée Égaré, Printemps de Septembre во Тулуз во 2016 год.; Биеналето во Џакарта во 2015 година; 31-то издание на Биеналето во Сао Паоло во 2014 год.; U3 Триеналето во Љубљана во 2011 год.; Биеналето RIWAQ во Палестина во 2007 год. и 2009 год.; Истанбулското биенале во 2005 год.; Гвангџу биеналето во 2002 год. меѓу другите меѓународни изложби. Тој е претседател на КАСКО, Утрехт. Тој ја доби наградата Принцеза Маргриет во 2012 год. и наградата зна CCS Bard колеџ за кураторска извонредност во 2014 год.
Алберт Хета во оваа прилика ќе го претстави проектот „Враќање во иднината: проект што не требаше да се случи”. Од својот почеток во 2009 год. „Враќање во иднината“ беше обликуван во рамките на програмата на изложбите: Петрит Халилај: Враќање во иднината (17.12.2009 – 02.06.2010), Враќање во иднината: Агим Кавдарбаша (11 / 3/2010 – 02.04.2010), Враќање во иднината: Нусрет Салихамиџиќи (06.06.2010 – 22.06.2010) и Враќање во иднината: Кадер Пагаруша (2010/4/10 / 2010). Следната фаза на проектот бил симпозиумот „Враќање во иднината” (04.04.2011) и панел дискусијата со Зденка Бадовинац, Мехмет Белули и Шуќри Нимани.
Director’s Cut: Реџеп Фери е изложба која не требаше да се случи како дел од проектот „Враќање во иднината”, кураторски проект на Алберт Хета, продуциран за Стацион – Центар за современа уметност Приштина.
Гледајќи во минатото на овој проект, „Враќање во иднината” како проект, на меѓународната сцена, исто така, имал „блиска средба” со поголем „објект” а тоа е уметничкиот саем „Артисима“ (5/11/2010 – 7/11/2010 ). Делот „Враќање во иднината” за саемот бил осмислен од научен комитет кој се состоел од три куратори на музејски колекции: Кристин Масел, кураторка во Центарот Помпиду во Париз, Џесика Морган, кураторка по современа уметност во Тејт Модерн, Лондон и Масимилиано Џони, директор за особени проекти, New museum, Њујорк и уметнички директор на Фондационе Никола Трусарди во Милано. Овој дел бил осмислен не само носејќи го истото име, туку имал и неверојатни сличности со проектот во Приштина, кои се повеќе од интересни да разгледуваат во иднина. „Враќање во иднината” со Реџеп Фери и Џевдет Џафа биле дел од почетната структура на “„Враќање во иднината“ како проект, но биле прекинати во доцната истражувачка фаза на проектот во средината на 2010 год. Процесот на истражување за делото на Реџеп Фери (1937) стигнало до финалната фаза и на оваа презентација ќе се претстави последната точка постигната во работната комуникација со овој голем уметник но и сложена личност. Реџеп Фери е сликар, поет и писател, но пред сè, тој е мислител.
Алберт Хета е уметник, куратор, дизајнер и социјален критичар кој живее и работи во Приштина. Уметничките дела на Хета се често едноставни гестови на интервенција во постоечка општествена ситуација, одговори на дадена ситуација, или преиспитување на постоечки објекти.Неговите значајни дела се: „Време е да се посети: не е потребна виза“, јавна интервенција на билборди на Бритиш ервејс во Приштина (2003); „Амбасада на Република Косово во Цетиње, СЦГ“ (2004) за Биеналето во Цетиње, курирано од Рене Блок и Наташа Илиќ; и неговиот „Косовски павилјон Венециско биенале 2005“ (2005); дистрибуирани во соработка со e-flux, не се само инсталации или потези на апропријација, туку и чин на ангажирање и односи со условите под кои делата биле прифатени од кураторите, медиумите, политичарите и јавноста.
Од 2006 год., неговото дело е канализирано преку заедничка/ колаборативна интервенција, проектна институција Стацион – Центар за современа уметност Приштина.
Во 2015 год., Стацион – Центарот за современа уметност Приштина ја иницираше „Летна школа како школа“, колаборативна интердисциплинарна уметничка и образовна платформа. Првично инспириран од случајот на Косово, каде што образовниот систем бил структуриран во средината на 1970-тите години, „Летната школа како школа“ е дизајнирана да го обедини и дисеминира критичкото знаење и да одговори на релевантните предизвици на денешницата, имплементирајќи нови модели и можности во уметничкото образование и уметничката соработка.
Дискусијата ќе се одржува на англиски јазик.
Оваа дискусија е дел од курираната групна изложба на Ивана Васева во НГМ која ќе се случува во јуни 2019 година а оваа година се надоврзува на истражувачкиот проект на асистентот на Музејот на американска уметнот од Берлин. Настанот е организиран во соработка на Град Скопје, Национална галерија на Македонија и организацијата Факултет за работи што не се учат (ФР~У).