„Железниот човек 3“ премиерно во Македонија, па во САД

Премиерата на најочекуваниот блокбастер за оваа година „Железниот човек 3“ (Iron Man 3)  македонската публика ќе има можност да ја погледне во Синеплекс денеска (25 април, четврток), една недела пред премиерата во САД.

Станува збор за третото продолжение на супер-популарната филмска франшиза чии два први дела до денес заработиле преку 630 милиони долари. Филмот е режиран од Шејн Блек. Покрај главниот херој и главниот негативец кои се играни од страна на Роберт Дауни Џуниор и Бен Кингсли, во филмот главни улоги имаат и Гвинет Палтроу, Дон Чидл, Џон Фавро, Гај Пирс, Пол Бетани и Ребека Хол.

Своја премиера ќе има и филмот „Транс“ на познатитот режисер Дени Бојл. За најмладите следува и шареноликата авантура на егзотичните птици од водопадот Викторија, филмот „Замбезија“.

Репертоарот на Синеплекс можете да го погледнете  тука.

You May Also Like