Во Националната галерија на Македонија, објект Чифте амам, во Старата скопска чаршија, на 26 април 2013 година (петок) во 13:00 часот ќе биде отворена изложба на тема „Скопје некогаш, сега и во иднина“.
На изложбата ќе земат учество учениците на возраст од 5-то до 8-мо одделение од сите основни училишта од градот Скопје, кои по претходно објавениот конкурс создадоа дела на тема “Скопје некогаш, сега и во иднина“. Младите автори за оваа изложба работеа во различни техники (цртеж, колаж, фотографија графика…), пренесувајќи го своето сеќавање, но и визија за Скопје.
На отварањето на изложба ќе бидат доделени благодарници на училиштата што партиципираат во проектот.