„Вевчански видувања“ во македонскиот КИЦ во Софија

Синоќа (21 Февруари , четврток) во просториите на Културно-информативниот Центар на Република Македонија во Софија, беше отворена ретроспективна изложба на Меѓународната ликовна колонија “Вевчански видувања”.

Ликовната колонија која од 2010 година се одржува секоја година во Вевчани, освен врвните ликовни уметници од Р. Македонија, домаќин е и на еминентни уметници од Р. Бугарија, Русија, Р. Србија, Црна Гора, Украина, Полска и Албанија.

На изложбата се претставени претставени дела на следниве ликовни уметници, учесници на Колонијата:  Трајче Јанчевски, Илија Кавкалески, Стеван Попоски, Павле Кузманоски, Таки Павловски, Глигор Чемерски, Доне Миљановски, Ставре Димитров – Стадим, Данчо Ордев, Ниче Василев, Петар Попчев, Владимир Темков, Јулијана Гешоска, Решат Амети, Емил Шулајковски,Оливера Велкова, Војдан Запров и Александар Филев од Република Македонија, како и Рајко Тодоровиќ – Тодор и Ана Лаковиќ од Црна Гора, Живка Маринова, Марија Георгиева – Чакарова, Петер Белиашки и Милослав Бонов – Мибо од Република Бугарија  и Ана Богданова и Ана Ферваљова  од Русија.

Изложбата ја отворија академик Глигор Чемерски, доајенот на македонското новинарство Мишо Китановски и директорот на Културно-информативниот Центар на Р.Македонија во Софија, Васко Шутаров.

You May Also Like