Англиски хор пее хаику од Владимир Мартиновски

Композиција за мешан хор и гудачки квартет инспирирана од четири хаику песни на македонскиот поет Владимир Мартиновски синоќа(10 март, недела) премиерно беше изведена во најстарата музичка сала во светот, лондонски „Витонс мјузик хол“ , како финале на целовечерен концерт посветен на современата македонска музика.

Автор на композицијата, насловена „Четири“, е Михајло Трандафиловски, композитор по потекло од Македонија, кој долго време живее во Англија. Делото го изведоа два реномирани ансамбла, хористите од Новиот лондонски камерен хор (New London Chamber Choir) – мешан хор од 24 члена, и гудачите од Kreutzer Quartet. Диригент е Клемен Пауер.

Делото е конципирано во четири става, секој инспириран од по една хаику песна на македонскиот поет Владимир Мартиновски, објавени во книгата „И вода и земја и оган и воздух“.

-Михајло, кој долго време живее во Англија, ми кажа дека за време на една посета во Македонија случајнпо налетал на мојата поезија. Бидејќи се познаваме одамна, ме контактира и ми јави дека планира да компонира според песните од книгата. Во воведниот дел од партитурата песните се дадени на англиски, препеани од Румена Бужаровска а во композицијата – во оригинал, на македонски – изјави Мартиновски.

извор: dobrivesti.mk

 

You May Also Like