Календар со неработни денови за 2020 година

Министерството за труд и социјална политика ја објави програмата за неработни денови за 2020 година. Согласно со Законот за празниците (Сл.весник на РМ број 21/98 и 18/07) во 2020 година неработни денови се:

За сите граѓани на РМ:

  • 1 јануари (среда), Нова Година,
  • 07 јануари (вторник), Божиќ, првиот ден на Божиќ според православниот календар,
  • 20 април (понеделник), Велигден, вториот ден на Велигден според православниот календар,
  • 1 мај (петок), Ден на трудот,
  • 24 мај (недела) „Св. Кирил и Методиј“ Ден на сесловенските просветители, односно 25 мај (понеделник) е неработен ден.
  • 24 мај (мај), Рамазан Бајрам, првиот ден на Рамазан Бајрам, односно 25 мај (понеделник) е неработен ден.
  • 02 август (недела), Ден на Републиката, односно 03 август (понеделник) е неработен ден.
  • 8 септември (вторник), Ден на независноста,
  • 11 октомври (недела), Ден на народното востание, односно 12 октомври (понеделник) е неработен ден.
  • 23 октомври (петок), Ден на Македонската Револуционерна Борба,
  • 8 декември (вторник), „Св. Климент Охридски“.

За граѓаните од православна вероисповед

  • 06 јануари (понеделник), Бадник, ден пред Божик,
  • 19 јануари (недела), Богојавление (Водици),
  • 17 април (петок), Велики Петок, петок пред Велигден,
  • 05 јуни (петок), Духовден, петок пред Духовден,
  • 28 август (петок), Успение на Пресвета Богородица (Голема Богородица).

За граѓаните од католичка вероисповед

  • 13 Април (понеделник), Велигден, вториот ден на Велигден,
  • 01 ноември (недела), Празникот на сите светци,
  • 25 декември (петок), првиот ден на Божик.

За граѓаните од муслиманска вероисповед

  • 31 Јули (петок), Курбан Бајрам, првиот ден на Курбан Бајрам.

За граѓаните припадници на албанската заедница во РМ

  • 22 ноември (недела), Ден на Албанската азбука.

За граѓаните припадници на српската заедница во РМ

  • 27 јануари (понеделник), Свети Сава.

За граѓаните припадници на ромската заедница во РМ

  • 08 април (среда), Меѓународен ден на Ромите.

За граѓаните припадници на влашката заедница во РМ

  • 23 мај (сабота), Национален ден на Власите.

За граѓаните припадници на еврејската заедница во РМ

  • 28 септември (понеделник), Јом Кипур, првиот ден на Јом Кипур.

За граѓаните припадници на бошњачката заедница во РМ

  • 28 септември (понеделник), Меѓународен ден на Бошњаците.

За граѓаните припадници на турската заедница во РМ

  • 21 декември (понеделник), Ден на настава на турски јазик.

You May Also Like