Во среда (7-ми Ноември), во Општински Мултимедијален Центар „Киро Глигоров“ во Штип во 19:00 часот, ќе настапат ДУО СКУПИ (кое го сочинуваат: Јета Старова Мехмети – флејта и Ермаљ Мехмети – виолина).
Ќе изведат впечатлива и интересна програма која се состои од преработки на Македонски стари песни и ора во еден нов и модерен стил и звук, аранжманите за флејта и виолина се од самиот виолинист на ДУО СКУПИ, Ермаљ Мехмети.
Настанот се организира по повод 74 години од ослободувањето на градот Штип, а и истиот е поддржан од Министерството за Култура.