Друштвото на ликовни уметници на Македонија во соработка со Национална галерија на Македонија, ве канат на „Годишната изложба“ на ДЛУМ која ќе се отвори во среда 26.12.2018 во 20 часот во објектот Мала станица. На изложбата ќе се претстават 73 автори-членови на ДЛУМ од цела Македонија.
Несомнено дека годишните или ревијалните изложби на македонските ликовни уметници отсекогаш претставува голем културен настан во нашата средина. Затоа тие изложби се значајна состојка од летописот на нашата ликовна уметност.
Нема македонски ликовен уметник кој не учествувал на тие ревијални изложби, почнувајќи од првата таква изложба во далечната 1945 година, па се до денес.
Друштвото за да ја задоволи желбата на сите членови еднаш годишно да ги изложат своите дела на заеднички настап, без критериумот на селективност. Впрочем, на тој начин се враќа една убава пракса, кога секој уметник, член на ДЛУМ всушност станува арбитар за себеси, а истовремено ја превзема и целата одговорност и ризик на излагањето. Тоа секако ја зголемува самокритичноста, таа врвна доблест на старите мајстори.
И оваа година од страна на Друштвото на ликовни уметници на Македонија, ќе се доделат неколку наградата и тоа за сликарство, скулптура и нови медиуми.