Дела од колонијата „Карпино 2018“ изложени во Илинден

Во Домот на култура „Илинден” во општина Илинден денес (среда, 16 јануари) ќе биде отворена изложба на дела создадени на 16. Меѓународна ликовна колонија „Карпино 2018“ – Куманово.

Ќе бидат претставени 30-ина слики изработени во техника акрил на платно и масло на платно, од 14 автори од Македонија и од странство.

Општина Илинден ја организира изложбата во соработка со Центарот за култура „Трајко Прокопиев” од Куманово.

You May Also Like