На денешен ден: Роден е Тодорче Николовски

На денешен ден (16 јануари 1902) во Велес е роден Тодор Николовски – Тодорче, македонски драмски и филмски актер, режисер, еден од основачите на современото македонско актерство.

Театарски, филмски и телевизиски актер, еден од доајените на македонската актерска сцена.

Тодор Николовски од 1909 година живее во Скопје. Во 1919 станува член на Народниот театар во Скопје. За време на војната продолжи да работи во театарот, а 1944 година замина во Горно Врановци каде што се вклучува во партизанската културно-уметничка група „Кочо Рацин“. Во 1945 година за прв пат се пробува и како режисер.

Во 1947 година настапи на свеченото отворање на Обласниот народен театар во Горна Џумаја. Член на Македонскиот народен театар беше од 1945, па се до пензионирањето во 1974 година. По повод 45 годишната континуирана артистичка дејност ја доби наградата за животно дело „11 Октомври“. На 85 годишна возраст настапи во јубилејната претстава „Чорбаџи Теодос“ по повод пет децении од нејзината праизведба.

Тодор Николовски – Тодорче е еден од најистакнатите македонски театарски и филмски уметници. Со големиот број разновидни и извонредни ролји, остава траен белег во македонската кинематографија. Во театарот е особено познат по улогата на чорбаџи Теодос, во истоимената претстава, во која настапуваше долги години. Филмови: Мис Стон, Под исто небо, Македонска крвава свадба, Републиката во пламен, Табакерата, Бог да ги убие шпионите и др.

Умира во Скопје, на 29 јануари 1999 година.

Филмографија

1955 : Волча ноќ (Споредна улога)

1958 : Мис Стон (Главна улога)

1961 : Мирно лето (Споредна улога)

1964 : Под исто небо (Споредна улога)

1966 : До победата и по неа (Споредна улога)

1967 : Македонска крвава свадба (Споредна улога)

1967 : Мементо (Главна улога)

1969 : Републиката во пламен (Споредна улога)

1976 : Денес треба нешто да се случи (Главна улога)

1984 : Нели ти реков (Споредна улога)

1993 : Македонска сага (Споредна улога)

1999 : Време, живот (Главна улога)

Основање и почетоци на МНТ

Македонскиот народен театар официјално е конституиран со Одлука на Президиумот на АСНОМ (бр. 581/45) од 31 јануари 1945, како драмски театар. Во текот на првите две сезони МНТ и функционира исклучиво како драмски театар, макар што перманентно настојува да го доизгради/докомплетира за тоа време типизираниот модел на национална театарска институција, составена од три ансамбли: драмски, оперски и балетски. Напорите на неколку управувачки гарнитури, поддржани и од амбициите на републичката културна политика но и на некои среќни околности (кадровски и финансиски), овозможија во текот на наредните четири години театарот да се доорганизира: оперскиот ансамбл ќе биде конституиран во 1947 година (првата оперска премиера, Кавалериа рустикана, е изведена на 9 мај 1947) а балетскиот во 1949 (првата балетска премиера, Валпургиската ноќ, е изведена на 27 јануари 1949). Ваквиот модел на театарска организација (популарно наречен австроунгарски), МНТ го практикува до 2004 година, кога започнува процесот на одвојување на драмскиот од оперскиот и балетскиот ансамбл, пришто името МНТ го задржува драмскиот ансамбл, а операта и балетот стануваат МОБ (Македонска опера и балет).

Првиот драмски ансамбл на МНТ е во состав: Димитар Ќостаров, режисер и директор на Драмата; Илија Милчин, актер и режисер; Тодор Николовски, Петре Прличко, Крум Стојанов, Трајко Чоревски, Мирко (Тихомир) Стефановски и Благоја Црвенков, актери; Томо Владимирски и Василие Поповиќ-Цицо, сценографи. Кон овој состав се приклучуваат и дваесетина членови на техничкиот и административниот персонал, кои ја опслужуваат големата и исклучително функционална театарска зграда (изградена 1927)…

You May Also Like