Прва самостојна изложба на Александар Илиевски на која има работено последните четири години , со назив „БИДИ ВОДА“…
На овој настан се поканети сите луѓе кои се хумани и се љубители на уметноста и технологија. Мотивациите за творбите произлегуваат од зачувување на природата и нејзините ресурси, климатските промени, пост апокалиптика, научна фантастика, романтика. И истиот принт од нив ќе може да се купи на лице место .
На настанот освен статични уметнички дела ќе има и преглед на 3Д модели кои ќе излегуваат од самолепливи сликички, сликичките ќе можат да се купуваат на отворениот штанд во самиот ходник на факултетот , за кои сите средства од самолепливите сликички ќе бидат наменети за донација на МИЛА и МАРТИН.
СИТЕ ХУМАНИ И ЉУБИТЕЛИ НА УМЕТНОСТА И ТЕХНОЛОГИЈАТА СЕ ПОКАНЕТИ !
Овој настан ќе се одржи на ден 6 мај 2019 (понеделник), со почеток во 18:00 часот, во просториите на Универзитетот за информатички науки и технологии. „Свети Апостол Павле“ Охрид
Влезот е бесплатен.