Денеска (четврток, 16 август, 2012) во Вевчани, во организација на КУД „Дримкол“ започнува вториот меѓународен фолклорен фестивал „Пображење“.
Фестивалот се случува во пресрет на Вевчанската слава Преображение Христово од каде доаѓа и името.
Годинава во Вевчани ќе настапат : КУД „Кралуш“ – Ступник, Хрватска, фолклорен ансамбал „Гајтан“ – Петрич, Бугарија, КУД „Бранко Радичевиќ“- Стара Пазова, Србија, КУД „Јени Јол“ – Скопје, КУД ,,Рацин“, – Кичево, КУД ,,Дримкол“ Вевчани, Етно бендот ,„Македонски Алтани“ – Скопје, Тамбурашки оркестар ,„Кралуш“, Загреб, Хрватска и пејачката група ,„Каданка“ од Вевчани.
Во рамки на фолклорниот фестивал предвидена е и научна конференција на трема „Знаеме ли што е тоа фолклор“ на која ќе говори Мирјана Мирчевска од Институтот за етнологија и антропологија, при Природно математичкиот факултет од УКИМ.