„Пропаста на лагата“ од Оскар Вајлд на македонски

Издавачката куќа „Бегемот“ го објави делото „Пропаста на лагата“ од Оскар Вајлд. Делото се првпат се појавува на македонски јазик, а преводот го направи Кристина Димкова.

Пропаста на лагата припаѓа на раниот развоен период на Вајлд и е целосно во склад со принципите на естетското движење. Сократовскиот дијалог на духовит, типично вајлдовски начин ги предава неговите уметнички ставови, ја спротивставува приземјеноста на реализмот со имагинацијата на романтизмот, ја става уметноста во супериорна позиција над природата, ја издигнува имагинацијата како врвен принцип во создавањето на уметноста наспроти грубоста на реалниот живот кој не треба да биде дел од литературата.

Иронијата, острата критика, недогледното познавање на светската литература, како и интелигентното изведување на аргументи убедливи дури и за најскептичниот читател, се неизбежна карактеристика на критичките дела на Вајлд.

You May Also Like