Од утре (12 април, петок), до понеделник (15 април) во Кинотеката на Mакедонија ќе прикажува Циклус дански филмови. Прв на репертоарот е филмот „Меланхолија“, кој ќе биде прикажан утре во 20:00 часот.
МЕЛАНХОЛИЈА (Melancholia) игран филм,
Данска / Шведска / Франција / Германија
2011, 136 мин., колор, Блу Реј
режија и сценарио: Ларс вон Триер (Lars von Trier)
улоги: Кирстен Данст, Александер Скарсгард, Шарлот Гејнзбург, Кифер Сатерленд (Kirsten Dunst, Alexander Skarsgård, Charlotte Gainsbourg, Kiefer Sutherland)
За време на свадбената прослава, невестата Џастин постојано влегува во конфликти – со сестрата, со сопствената мајка, со шефот од работа, дури и со идниот сопруг. Ситуациите за неа се исцрпувачки до таа мера што не може да ù се препушти на радоста заради влегувањето во брак. Нејзината сестра пак, Клер, дознава дека планетата Меланхолија која опасно се доближува до Земјата, всушност нема да ја одмине, туку многу скоро ќе се судри со неа. Соочена со тоа апокалиптично сознание, Клер се обидува да остане прибрана и се бори да не му подлегне на стравот.