Храна за децата на улица

Како и секоја година, традиционално, невладините организации “Уметност на живеење Македонија”, “Арт Лајф”, “СУНА”  и “Банка за храна Македонија” со своите активности се приклучија на глобална акција „Заедно сме погласни“, за одбележување на 12 април – Меѓународниот ден за деца на улица.

Целта на оваа акција е да се зголеми свеста на луѓето и органите на власта за нивната законска обврска да работат во насока на обезбедувањето на детските права.

Децата на улица ги имаат истите права како и сите други деца.  Да се биде дете на улица не е кривично дело, наместо така да ги третираме можеме да им помогнеме, секој колку може со своја хумана поддршка.

По овој повод,  се организира “Караван за донација на храна”. Имено, во петок, 12.04.2013 год. во попладневните часови, волонтерите од овие организации со своите возила ќе доставуваат храна на улиците на оваа категорија на дечиња.

You May Also Like