Школата за класична гитара Каровски организира пролетен концерт на своите ученици, за учебната 2013/2014 година. Концертот ке се одржи денеска (петок, 11 април 2014 година) со почеток во 19:00 часот на летната сцена зад Спомен Куќата на Мајка Тереза.
Со овој концерт Школат а Каровски има за цел да ја популаризира класичната гитара како инструментна нашите простори, воедно да се популаризира и оригиналниот репертоарот напишан за класична гитара во периодот од Барокот па се до денес. Ова е втор концерт на учениците од Школата Каровски во учебната 2013/2014 година.