Цветанка Јованова со изложба во Галерија 8

Галерија 8 и ДЛУМ Ви најавуваат изложба на Цветанка Јованова. На изложбата ќе бидат претставени десетина дела од поновиот период на авторот.

Отворањето на истата е предвидено за утре вечер (петок 22 јули 2011 година), со почеток во 21:00 часот, во Галерија 8 – во Старата Скопска чаршија, во Безистенот.

Инаку, Цветанка Јованова  е родена 1979 година во Неготино. Дипломирала на ФЛУ 2001 година во Благоевград (Бугарија), отсек графика, во класата на проф. Борислав Стоев. Учесник е на неколку групни изложби во земјата и странство. Учесник  е  на преку 100 колонии и работилници во земјата и во странство.

Има реализирано самостојни изложби во: 2003 – Неготино, Градски музеј,2004 – КИЦ, Скопје – Кочани, Дом на култура „Бели мугри‘‘, 2008 – Музеј на град Скопје, Скопје. 2009 – Словачка Амбасада во Македонија. Добитник е на наградата за акварел „Тофе Шулајковски“ 2011.

You May Also Like