Фотографии „Улични приказни“ на Сања Бутерин во Мала станица

Koлекцијата ќе биде прикажана и во Скопје, во Националната Галеријана Македонија  – објект Мала Станица, а отварањето на изложбата ќе биде вечерва (четврток, 05.07.2012 година) во 20:30 часот. На изложбата ќе бидат прикажани 40 црно-бели фотографии кои се снимени во периодот од 2007-2011 година, на различни локации низ Европа, од Истанбул до Лисабон.

Сања Бутерин (род. Николиќ) родена е во Скопје 01.05. 1984 година. По дипломирањето на Правниот Факултет во Скопје, се сели во Ловран, Хрватска каде што живее.

Ја интересираат странски јазици, патувања и уметност. Со цртање и сликање се занимава од детство, а фотографијата следува како прогрес.

Интензивно фотографира од 2004 година, а прв пат изложува во 2007 и тоа на традиционалната изложба „Денови на Македонската фотографија“. Oд тогаш, на фотографски план остварила значеен успех учествувајќи на повеќе од 30 домашни и меѓународни изложби во земјата и регионот. Добитник е на неколку награди и пофалби во Скопје, Сараево, Осијек, Бор, златен и бронзен fiap-ов медал во Куманово и Софија, и златен UPI медал во Камник.

Исто така нејзините фотографии биле дел од македонската колекција на светските биеналиња во црно бела фотографија во Словачка и Шпанија , и светското биенале за колор фотографија во Ирска.

Во 2012 прв пат изложува самостојно и тоа во Сисак, Хрватска и Софија, Бугарија. Серијата “Street Stories” или “Улични Приказни” представува плод на неколку годишно фотографско творештво на авторката, која преку окуларот на нејзиниот објектив замрзнува специфични моменти од човековото секојдневие. Градовите и луѓето ѝ представуваат најголем предизвик и вечна инспирација. Затоа непрестано патувајќи истражува и ненаметливо со својата камера забележува човек во простор на кој таа го доживува околу себе.Преку графизам на светло и сенка со голем контраст ја потенцира тематиката, и на фотографиите истовремено им дава една безвременска димензија.

You May Also Like