„Патувањето“ со Хобитот од денеска во Синеплекс

Епската авантура на Питер Џексон, филмот Хобит: Неочекувано патување, со вкупно осум, односно десет термини филмот ќе биде прикажан на редовниот репертоар на киното Cineplexx.

Случувањата во филмот се сместени во Средната земја, шеесет години пред „Господарот на прстените“. Билбо започнува возбудлив потфат, да го врати изгубеното кралство на џуџињата на Еребор од канџите на страшниот змеј Шмауг. На волшебникот Гандалф му се придружува и дружината од тринаесет џуџиња, предводени од легендарниот воин Торин Дабовштит. Патот ќе ги доведе во дивината, низ опустошената земја која ја разорале Гоблини и Орки.

You May Also Like