Во Центарот за култура во Битола, в петок (19 октомври, 2012) ќе биде отворено 8-то издание на Фестивалoт на новиот германски филм.
Фестивалот го организираат Амбасадата на Сојузна Република Германија, ПроКредит банка, во соработка со НУ Центар за култура Битола. Проекциите на филмовите ќе бидат во малата сала. Влезот е бесплатен за сите посетители.
Фестивалот ќе трае до понеделник, 22 октомври.