Петото издание на Македонскиот радиски фестивал – МАРС 2012 ќе се одржи на 22 ноември 2012 година во Универзална сала – Скопје, која и годинава се јавува како организатор и продуцент на фестивалот, кој е финансиски подржан од градот Скопје.
На него ќе бидат избрани најпопуларните радиски хитови на годината, селектирани од околу 45 радиостаници ширум Македонија кои до организаторот – Центарот за организирање приредби Универзална сала ги испратија своите листи со највртени македонски хитови во тековната година.
Од над 600 селектирани песни испеани од повеЌе од 100 домашни изведувачи, по пат на пристигнатата радио-селекција 15-те најзастапени хита во македонскиот радиоетер ќе се најдат на финалната вечер на МАРС 2012 во избор за радиски хит на годината кој како и до сега Ќе биде проследен на МРТВ. На МАРС 2012 ќе настапат најдобрите македонски изведувачи со своите најпопуларни хитови во тековната година, а листата на избраните 15 финалисти ќе се знае на почетокот на месец ноември кога Ќе се сумираат резултатите пристигнати од македонските радиостаници.
И годинава трите првопласирани песни ќе се добијат со јавно гласање од 1 до 12 поени на 12-члено жири составено од преставници на исто толку национални и локални радиостаници од различни региони во Македонија, чии имиња заради евентулни можни злоупотреби, лобирања или притисоци, ќе се држат во тајност се до самиот ден на фестивалот.