Од 07 до 10 октомври 2011 година, хорот на Факултетот за музичка уметност – Скопје, “Драган Шуплевски“, зеде учество на меѓународниот хорски натпревар во Римини, Италија.
Под диригентство на вон. проф. Сашо Татарчевски, хорот настапи на еден ревијален концерт и на официјалниот натпревар, освојувајќи втора награда во својата категорија. На натпреварот учествуваа 30 хорови од Мексико, Аргентина, Јужна Африка, Филипини, Индонезија, Полска, Чешка, Словенија, Русија, Финска, Унгарија, Грција, Швајцарија, Естонија, Хрватска и домаќинот Италија.
Позитивните критики од жири комисијата и претставниците на останатите хорови придонесоа за добивање нови покани за учество на други квалитетни меѓународни натпревари, на кои хорот ќе има можност да ја претстави продуктивната и репродуктивната хорска традиција на Македонија.
Гостувањето во Италија финансиски го поддржа и Министерството за култура на Република Македонија.