Блокбастерот „Железниот човек 3“ во Синеплекс

На 25 април македонската публика и љубителите на акционите блокбастери ќе имаат можност премиерно да го погледнат филмот „Железниот човек 3“ во киното , една недела пред премиерата во САД.

Станува збор за третото продолжение на супер-популарната филмска франшиза чии два први дела до денес заработиле преку 630 милиони долари. Филмот е режиран од Шејн Блек. Покрај главниот херој и главниот негативец кои се играни од страна на Роберт Дауни Џуниор и Бен Кингсли, во филмот главни улоги имаат и Гвинет Палтроу, Дон Чидл, Џон Фавро, Гај Пирс, Пол Бетани и Ребека Хол.

You May Also Like