Утре (среда, 21 декември 2011 година) со почеток во 12:00 часот, свечено со изложба на дела од интерниот конкурс на училиштето „ Кретивен пристап кон делото на Лазар Личеноски“ и дела од државниот конкурс „Боите на Македонија“ ќе биде отворена уметничката галерија „Лазар Личеноски“ во склоп на училишната зграда.
Галеријата и изложбата ќе ги отвори Елизабета Канческа Милевска, Министер за култура во Владата на Република Македонија. На истата свеченост ќе бидат и прогласени добитниците на наградените ученици од двата конкурси.
Отворањето на галеријата и изложбите е во чест на јубилеите 110 години од раѓањето на лазар Личеноски и 100 години од раѓањето на Љубомир Белогаски.