Канческа-Милевска со пригодни подароци за децата во детските домови

Министерот за култура Елизабета Канческа-Милевска утре (среда, 21 декември 2011 година), со почеток во 10:30 часот ќе оствари посета на Домот за деца без родители „11 Октомври“ и на 160 дечиња од оваа установа, како и од Јавната установа за згрижување деца со воспитно-социјални проблеми „25 Мај“ и СОС Детското Село ќе им подари билети за новогодишниот концерт на Ансамблот за народни игри и песни „Танец“, како и за претстави на Mакедонскиот народен театар и Театарот за деца и младинци.

На посетата ќе бидат присутни директорите на МНТ – Дејан Лилиќ,  „Танец“ – Зоран Џорлев и на Театарот за деца и младинци – Дејан Довлев.

You May Also Like