Акварели од Трајче Јанчевски во Галерија 8

В среда (14 ноември, 2012) во 20:00 часот во Кафе Галерија 8 ќе биде отворена изложба на доајенот на македонското сликарство Трајче Јанчевски. Изложбата е дел од серијалот настани „Доајени во Галерија 8“ и ќе трае  до 27 Ноември.На изложбата ќе бидат претставени 15-на акварели од различните периоди од творештвото на Јанчевски.

Трајче Јанчевски со право го носи епитетот Македонскиот Леонардо Да Винчи. За овој епитет потврда е изјавата на заменик на градоначалникот на Париз Г-дин. Лисјен Финел кој во свое обраќање ке изјави: “Франсоа Први го откри Леонардо Да Винчи во 15 век, а сега, во пресрет на 21 век, ние го откривме Јанчевски”.

——————
Трајче Јанчевски е роден на 29 јануари 1928 год. во Куманово, во 1949 година го завршува средното уметничко образование во Скопје во класата на проф. Лазар Личеноски и проф. Никола Мартиновски како ученик во првата генерација на ученици на уметничкото училиште. Во 1954 година ги заврши студиите на академијата за ликовни уметности во Белград во класата на проф. Миленко Шербан. За неговото творештво говорат 100-те изложби реализирани во Македонија и странство.член е на ДЛУМ и е добитник на многу домашни и меѓународни награди и признанија мегу кои нај значајни се: „13-ти Ноември“ за самостојна изложба во Скопје, „ 11-ти Октомври“за животно дело на Република Македонија, „Нерешки Мајстори“ на ДЛУМ, во 1998 година, овенчан е со престижниот “Златен орден” за француска заслуга и посветеност во име на уметноста и културата, доделен од Академијата за ликовна уметност и култура за централна Европа во Париз.

You May Also Like