Кармина Бурана в сабота на сцената во МОБ

Солисти во изведбата на сценската кантата на Карл Орф закажана за в сабота (16 јуни) во 20 часот ќе настапат:  Наде Талевска –сопран,  Горан Начевски – баритон, Дејан Стоев  – тенор.

Во „Кармина Бурана“  учествуваат и солисти на балетот при МОБ: Марија Кичевска, Мими Поп Алексова, Ивана Коцевска, Бобан Ковачевски и Игор Велановски.Диригент е Бисера Чадловска. Либретото и кореографијата се на Кан Арслан (Турција) а сценографијата е на Миодраг Табачки (Србија).  Костимограф на операта е Елена Дончева, а на балетот Гизем Бетил (Турција). Учествува оркестарот, хорот и балетскиот ансамбл на МОБ.

Кармина Бурана е сценска кантата, базирана на 23 поеми од збирката средновековни текстови и песни „Кармина Бурана“ пронајдена во манастир во Јужна Германија, според што го добила и името. Најпознато парче од ова дело е „Фортуна Императрикс Мунди“ (О Фортуна) со кое се отвора и затвора ова дело.

You May Also Like